Притвор за Горан Грујовски, поранешниот началник на петта управа, Никола Бошковски вработен во УБК, кој е обвинет за фалсификување службена исправа и злоупотреба на службена положба и овласување и Тони Јакимовски, шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и второосомничен меѓу петте во случајот „Тврдина“, определи Апелација.

 

 

Апелациониот суд Скопје по одржаните седници на ден 17.7.2017 година донесе одлуки во предметите познати во јавноста како „Таргет“ и „Тврдина“, со кои за тројца обвинети ја уважи жалбата на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Скопје, на начин што ги преиначи првостепените решенија и жалбите на Обвинителството ги уважи, а према обвинетите Г.Г., Н.Б и Т.Ј. заради обезбедување присуство на обвинетите во кривичната постапка, определи мерка притвор, додека за останатите обвинети се потврдија првостепените решенија, со тоа што жалбите на обвинетите, како и на Обвинителството, се одбиени како неосновани.

Апелација постапуваше по жалбите од СЈО, откако Кривичните совети на Основниот суд Скопје 1 ги одбија сите 18 барања за притвори што ги поднесе СЈО, а целосно или делумно ги прифатија оние предлози во кои се бараа мерки за претпазливост против дел од обвинетите.

Наместо притвори, судот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протогер, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, на поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милеска, поранешниот вицепремиер, Владимир Пешевски, актуелниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, и на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, им ги одзеде пасошите и ги задолжи еднаш неделно да се јавуваат во судот.

Слични содржини