Истражување на тинк-тенк, направено за Пентагон прави заклучок дека е можно рускиот претседател Владимир Путин да има Аспергеров синдром “аутистично растројство”, кое влијае на сите негови одлуки, соопшти USA Today.

PUTIN LEKAR

Извештајот беше изготвен во 2008 година.Во него Бренда Конорс, експерт во анализата на шемата за движење тврди дека рускиот претседател “носи невролошко аномалија.” Според неа “невролошки развој на Путин бил нагло прекинат во детството “. Истражувајќи ги неговите движења, таа доаѓа до заклучок дека “рускиот претседател има невролошка аномалија”. Истражувачите не можат да ја докажат својата теорија за Путин категорично, бидејќи не биле во состојба да вршат скенирање на мозокот на рускиот претседател. Но се цитира професор по психијатрија на Универзитетот на Северна Каролина, кој независно од анализите на извештајот исто така тврди дека “Путин носи форма на аутизам.”

Дејствата  на рускиот претседател беа подложени на посебен контрола и анализа  од почетокот на 2014 година, кога Русија го приклучи Крим како и по избивањето на кризата во источниот дел на Украина.

Слични содржини