Извештајот на СЈО следниот понеделник на собраниска седница

од Vladimir Zorba
Извештајот на Специјалното јавно обвинителство Собранието на Македонија ќе го разгледува на 120-та седница што претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ја закажа за в понеделник,  26 септември.
143526
Катица Јанева, специјалната обвинителка, Извештајот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци (од 15.09.2015 до 15.03.2016 г.) до Собранието го достави во законскиот рок кој истече минатата недела.
Во рамките на 120-та седница на Собранието пратениците ќе го разгледуваат и Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година.
Претходно двата извештаи на СЈО и на Јавното обвинителство на РМ ќе ги разгледува Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Претседателот на Советот на јавни обвинители, Аневски, за Академик потврди дека извештајот на СЈО е пристигнат и во Советот. Тој вели дека по консултација со членовите, извештајот ќе биде ставен на дневен ред на седница, а на неа ќе биде поканета и специјалната јавна обвинителка Јанева.

Слични содржини