organska-hrana-860x680

Извозот на храна во првиот квартал од годинава достигна 66,3 милиони евра и е за 17,7 отсто повеќе споредено со истиот период лани, објави Народната банка.

Според податоците за трговската размена, за 60 отсто е зголемен извозот на овошје и зеленчук на вкупно 32,2 милиони евра, а за 300 илјади евра е зголемен извозот на жита и преработки од жита.

Во првиот квартал годинава пак месната индустрија извезла месо и месни преработки во вредност од 8,5 милиони евра./извор Мета

Слични содржини