Ја оставил внуката сама на клупа, а потоа ја пријавил за исчезната

од desk2

Во  20,50 часот телефонски во Полицијата во Кичево, 32-годишниот В.Ј. од селото Карбуница пријавил дека истиот ден околу 13 часот и 45 минути, заедно со неговите две внуки на возраст од шест и две години, се движел по локалниот пат од селото Кленоец кон селото Извор, а во еден момент во близина на јарболот во Кленоец, двегодишното девојче  кажало дека не може да оди понатаму и останало покрај патот, а вујкото со шестгодишната внука се упатил во другото село.

Полциијата информира дека откако вујкото по еден час се вратил на клупата, детето не било таму, па веднаш пријавил во полиција.

Детето го бараат од вчера, но сеуште му нема ни трага ни глас.

Слични содржини