Група од локални уметници помагаат да се рекреираат детално простите дрвен мебел и богати бои на Ван Гог од една од најпрепознатливите

4656478

Ако некогаш сте гледале слика со желбата да се лизгате во неа, веќе имате шанса. Институтот за уметност во Чикаго ја рента “Спалната соба” на Винсент Ван Гог  за во стан и ја изнајмува за $ 10 за ноќ, соопштува сајтот Artprice. Љубителите на уметноста веќе ги  разграбиле  сите слободни датуми во февруари, но ќе имате шанси за резервација, кога музејот објави повеќе датуми за март во Airbnb.

Оние кои сакаат да ја имаат во  просторијата треба да ја следат Facebook страницата на музејот за издавање на  повеќе датуми. Нема планови музејот да ја продолжи оваа иницијатива по завршувањето на изложбата. “Ние се надеваме дека ќе ги инспирираме луѓето да мислат на нов начин за сликата”, вели Аманда Хикс, портпарол на Институтот за уметност во Чикаго. “Нашата слика на спалната соба на Ван Гог е толку популарна и сакана и добро позната, а сега тоа им овозможува на посетителите да мислат за неа, да одат и да живеат во неа, како  да го доживеат   и  да го гледаат на нов начин тоа дело.” Група од локални уметници помага да се рекреираат детално простиот дрвен мебел и богатите бои на Ван Гог од една од најпрепознатливите  дела.

Тоа е извонредно  искуство, да одите во еден модерен Чикаго стан, да ја отворите вратата и да се “пренесете во прагот на станот на Ван Гог.” Резервациите ќе бидат ограничени на само една ноќ и ќе вклучуваат два билети за музејот и посебна изложба, која ги обединува и трите верзии на “Спалната соба”. Институтот за уметност поседува една слика, а другите се земени на заем од музејот Орсе во Париз и музејот на Ван Гог во Амстердам. Изложбата, која  ја отвора во недела и продолжува до 10 мај, вклучува рекреација во “Спалната соба” и додека посетителите се движат низ галеријата ќе одат во копија на домот на Ван Гог во Арл, Франција.

Слични содржини