Јадете маслинки секој ден!

од Vladimir Zorba

Маслинките се неверојатно корисни за здравјето, бидејќи се преполни со корисни масни киселини од групата на омега-3. Соединенијата во нив даваат сила на срцето и крвните садови. Маслинките се корисни и при дијабетес, бидејќи го намалуваат шеќерот во крвта и инсулинот.

Маслинките се исклучително важни и за мозокот и нервниот систем. Исто така, тие спречуваат удари и инфаркти поради присуството на корисни соединенија за кардиоваскуларниот и нервниот систем. Ќе ви помогнат и во контролирање на тежината, односно слабеењето.

Полифенолите во маслинките дејствуваат силно против воспаленијата во ткивата. Во составот имаат уште и многу моќни антиоксиданси кои ги штитат крвните садовите.
Маслинките содржат и олеуропеин кој е еден од најмоќните антиоксиданси во борбата против ракот, а има и антимикотично и антибактериски својства.
Рековме дека маслинките се корисни за срцето и за крвните садови. Во нив се содржат во големи количества мононезаситени масни киселини – едни од најважните за работата на кардиоваскуларниот систем. Олеинскаат киселина во нив, исто така, игра важна улога за здравјето на срцето.

Во маслинките се наоѓаат големи количини и на витамин А, кој е од големо значење за здравјето на очите и кожата. Тој го забавува стареењето на ткивата во кожата и очите на тој начин спречува развој на глауком, дегенерација на макулата, катаракта. Покрај тоа ја штити кожата и од појава на брчки.

Помагаат во слабеењето
За да отслабнеме треба да јадеме корисни масти, а не да ги исклучуваме апсолутно сите масти од нашата исхрана. Токму ваквите корисни масти се наоѓаат во маслинките. Затоа редовната консумација на маслинки помага за забрзување на намалувањето на стомачните масти – виновни за толку многу заболувања.

Зголемуваат енергијата
Маслинките придонесуваат за зголемување на количеството на глутатион во крвта – оваа материја ни ги зголемува енергетските нивоа и не прави издржливи. Покрај тоа маслинките се богати со железо, кое освен што ја зголемува енергијата, игра важна улога и во зголемувањето на имунолошките заштити. Заради сите овие здравствени придобивки, а и поради прекрасниот вкус – јадете маслинки секој ден!

Слични содржини