„Јадран филм“ ѝ врати 300.000 евра на Агенцијата за филм

од desk2

Агенцијата за филм на Република Македонија известува дека првите 300.000 евра државни пари се одземени од хрватската продукција „Јадран филм“ како последица на неисполнувањето на договорот за производство на играната серија „Македонија“.

– Согласно правосилното извршно решение, по законски пат, Агенцијата за филм направи поврат на речиси 19 милиони денари, колку што имаше на сметката на „Јадран филм“ во моментот кога беше блокирана. Ова не е целосната сума која државата му ја исплатила на хрватскиот продуцент Винко Грубишиќ, таа изнесува 68 милиони денари или милион и 100.000 евра со обврска тој до септември годинава да достави готови епизоди од првата сезона. Како ќе се наплати остатокот ќе знаеме по завршување на истрагата на Јавното обвинителство и Финансиската полиција кои ја проверуваат документацијата за целиот период, од објавениот конкурс во декември 2015-та до четврти септември, кога истече рокот за предавање на 14 епизоди од серијалот – вели Горјан Тозија, директор на Агенцијата за филм.

Хрватската продукција „Јадран филм“ имаше обврска до септември годинава да достави готови 14 епизоди од серијалот „Македонија“. Тоа не беше сторено и договорот со нив беше раскинат затоа што во него постои извршна клаузула.

Слични содржини