Јадран гори, евакуација во Тиват

од desk2

Во црногорската приморска општина Тиват утрово е евакуирано дел од населението на ртот Весло поради големиот пожар што избувна ноќеска околу 3 часот.

Досега со бродови се евакуирани над 100 лица, но околу 20 мештани одбиваат да ги напуштат нивните домови.

Ситуацијата според црногорските медиуми е многу сериозна, некои од жителите скокале во море за да се спасат од стихијата и речиси еден час ќекале спас во морето. Тие со чамци се пренесени во Домото за здравје во Херцег Нови.

Според полицијата, пожарот има две жаришта и пожарникарите засега не успеале да ги локализираат.

Во регионот на Подгорица исто така избија неколку пожари, чии број до синоќа достигна 33. Исто така, изгоре и една куќа во Цетиње.

Пожари има и на повеќе локации во Хрватска, а поради силниот ветер огнот се шири и може да ги зафати куќите во Бродарица и во близина на Шибеник.

Пожар избувна и во Далматинска Загора, а тешко е и во близина на Пула и на островите Вир и Паг. Хрватските вооружени сили потврдија дека се вклучени во гаснењето на пожарите на површина од Истра во Далмација. Огнот го гасат 32 возила со 109 пожарникари.

Слични содржини