Јагањац најдобар стрелец во СЕХА лигата

од desk2

Младиот бомбардер на Металург Халил Јагањац е најдобар стрелец во СЕХА-лигата во сезона 2017/18, со постигнати 100 гола. Во пресрет на денешното последно коло, Јагањац имаше предност од пет голови во однос на својот единствен противкандидат – Бруно Буторац од Татран Прешов.

Денеска, Халил Јагањац постигна пет гола на средбата со Цеље ПЛ, а исто толку даде и Бруно Буторац на мечот со Горење Велење, па разликата од пет гола стана и конечна.

Интересно, меѓу десетте најдобри стрелци во лигата, Металург има дури тројца ракометари: Халил Јагањац со 100 гола, Филип Кузмановски со 75 гола и Жарко Пешевски со 65 постигнти голови.

 

Топ 10 стрелци во сезона 2017/18:

01. Халил Јагањац (Металург) 100 гола

02. Бруно Буторац 9Татран Прешов) 95

03. Јакуб Хрстка (Татран Прешов) 83

04. Златко Хорват (ППД Загреб) 79

05. Филип Кузмановски (Металург) 75

06. Томаш Чип (Татран Прешов) 72

07. Тимур Дибиров (Вардар) 72

08. Жига Млакар (Цеље ПЛ) 69

09. Жарко Пешевски (Металург) 65

10. Лукас Урбан (Татран Прешов) 65

Слични содржини