Јагодите штитат од рак на дојка?

од Vladimir Zorba

Само 15 јагоди дневно би можеле да ве заштитат од ракот на дојката, тврдат стручњаците.

Научниците спровеле истражување на лабораториските глувци, а се покажало дека јагодите не само што го спречуваат ширењето на ракот , туку и туморот кај некои глувци се намалил.

„Видовме значително намалување на големината и тежината на туморот“ , вели научникот Маурицио Батино од Политехничкиот универзитет во Италија.

За да ја направат оваа студија, научниците најпрвин во глувците уфрлувале канцерогени клетки , а потоа го хранеле со јагоди, и се покажало дека ова овошје го блокирало напредокот на ракот.

Стручњаците објаснуваат дека јагодите ја намалиле активноста на гените кои имаат важна улога во метастазирањето на канцерот а ја зголемуваат активноста на генот кој го спречува ширењето на ракот на дојката.

Сепак , тие нагласуваат дека се потребни уште студии за да се утврди дека ефектот ќе биде ист и кај луѓето.

Порано студиите покажале дека со внесување помеѓу 10 и 15 јагоди на ден ги прочистуваат артериите и го намалуваат нивото на холестеролот.

С.В.

Слични содржини