„Jaguar F-PACE“ е најдобар автомобил во светот за 2017

од Vladimir Zorba

Спортскиот кросовер на “Јагуар” модел F-PACE ја освои наградата за “Најдобар автомобил во светот за 2017 година” за време на најпрестижното меѓународно автошоу во Њујорк. Автомобилот беше удостоен и со наградата за најдобар автомобилски дизајн на годината. Освен со импресивниот спортски изглед, Jaguar F-Pace се издвојува и со својата практичност, висока технолошка опрема и моќ. Освен тоа има трилитров бензински мотор V6 со компресор суперчаџер и моќност 380 коњски сили и дволитарскиот, 4-цилиндричен дизел мотор Ingenium со турбокомресор и моќност 180 коњски сили, кој може да постигне потрошувачка од 4,9 л. / 100 км и CO2 емисии од само 129 g / km.

Однапред Jaguar F-Pace беше дел од списокот со 23 автомобили кои тврдат дека поседуваат квалитети за најдобар автомобил на годината. Потоа листата беше намалена прво до 10, а потоа и до 3 автомобили, откако во финалето освен “Јагуар” се нашле уште “Ауди Q5” и “Фолскваген Тигуан”. Конечниот победник беше избран од почитувано меѓународно жири, составено од 75 новинари од 23 различни земји, кои се специјалисти во автомобилската тематика.

Минатата година добитник на престижната награда ја доби Mazda MX-5, а пред тоа – Mercedes-Benz C-Klass.

Слични содржини