Јакимовски го повика ОЈО да го гони лицето што синоќа се закануваше пред штабот на ГРОМ

од desk4

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, бара кривично да биде гонет напаѓачот што синоќа во штабот на партијата, на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, извадил лисици и нож и им се заканувал на присутните.

Јакимовски вели дека тоа што полицијата поднела прекршочна, а не кривична пријава против напаѓачот, покажува дека СДСМ го штити криминалот.

– Тие што дојдоа да се тепаат се хулигани, бивши затвореници и членови на подземјето. Како може СДСМ да не се огради и да не го осуди ваквиот настан? Уште помага делото да биде прекршочно, а не кривично. Ова кажува дека политиката и криминалот се заедно, дека СДСМ и криминалот се заедно и дека и понатаму ќе продолжат да вршат насилство – изјави Јакимовски, кој го повика Основното јавно обвинителство да реагира.

Тој потсети дека уште во 21.30 часот, по преброени 48 проценти од гласовите, излегол и го признал поразот и му го честитал изборот на новиот градоначалник на општина Карпош, додавајќи дека политичарите треба да се носат и со победата и со поразот.

Настанот е забележан и во денешниот полициски билтен, во кој се вели дека возило „мерцедес“ застанало пред штабот на ГРОМ, по што од автомобилот излегол С.Р. кој извадил нож и лисици, упатил закани на присутните и заминал со возилото.

Слични содржини