Јана Бурческа не се пласираше во финалето на Евровизија 2017

од Vladimir Zorba

Вчеравечер се одржа втората полуфинална вечер на Евровизија каде настапи и нашата претставничка Јана Бурческа, но и покрај тоа што важеше за еден од фаворитите во евровизиските обложувалници, таа не успеа да се пласира во финалето.

Таа во Киев на сцената ја отпеа „Dance alone“ сосем сама, како што гласи и текстот. За нејзиниот изглед се погрижија Антонија Ристовска и Дадар.

Пред започнувањето на нејзиниот настап, во поздравната шпица, Јана сподели една многу неочекувана вест, имено дека е бремена и наскоро ќе стане мајка.

За нештата да станат уште подраматични, веднаш по завршувањето на претставувањето на учесниците, нејзиното момче го искористи времето определено за интервју за да ја запроси.

Сепак, и покрај емотивните моменти и добриот настап, Јана не успеа да се пласира во финалето, така што ова е уште една година во која Македонија нема да настапи на главната евровизиска вечер.

Слични содржини