Јанева до пратениците: Прашајте ја Лидија Неделкова зошто не дозволува да се открие кој прислушкувал

од Vladimir Zorba

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска пред членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците повтори дека одговорот на прашањето кој и на кој начин од 2008 до 2015 година прислушкувал, е содржано во предметот „Пуч и го обвини Кривичниот суд дека шест месеци не постапил по барање на СЈО.

janeva zvrlevski

Јанева, одговарајќи на репликата на Крсто Мукоски, со датуми пред пратениците ги презентираше преземените чекори од СЈО, но и другите судови во однос на барањето да им бидат доставени доказите за предметот „Пуч“. Од страна на СЈО, како што кажа таа, овој предмет бил преземен на 21.12.2015 година, кога до Судот било поднесено барање да им бидат доставени доказите.

– На 5.5.2016 година, СЈО повторно се обрати до судот согласно решението на Апелациониот суд за да бидат доставени доказите до СЈО. На 30.6. 2016 година до 14.7.2016 беа фотокопирани и снимени сите докази во предметот „Пуч“. Се изгубија повеќе од шест месеци. Можеби и повеќе во овој период во кој можеше да се заврши главната расправа по овој предмет. Прашувам дали Парламентот има намера да ја праша претседателката на Врховен суд и Судскиот совет кој е виновен за ова одлагање на предметот, кој треба да одгатне кој прислушувал масовно во Република Македонија? Шест месеци еден суд да не постапи по едно барање за доставување докази е срамота, рече Јанева.

Слични содржини