Јанева: Не сум оптоварена што протекуваат информации, сите се во интерес на јавноста

од desk3

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, на денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на која се расправа за извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство, на пратеничката Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ ѝ ја даде иницијативата за измени во Законот за заштитени сведоци и ја замоли да ја поднесе до Собранието.

janeva-odgovara

Ова следува откако пратеничката Јакимовска повеќе од половина час ја учеше Јанева како се донесува закон во Собранието и читаше закони на говорницата.

– Ви благодарам многу за информацијата како се носи закон во Собрание, еве, поради тоа, Вам ќе Ви ја дадам иницијативата за измената на Законот за заштитени сведоци да ја поднесете до Собранието. Не сум запознаена дека моите вработени вршеле тортура и ова прашање треба да го поставите до Врховниот суд. Исто така, би сакала да кажам дека имам впечаток дека пратеничката Јакимовска знае дека во прислушуваниот материјал има многу криминал, па од тие причини е разочарана што толку малку случаи се процесирани. Во однос на прашањето за притворот, би сакала да ви кажам дека многу е различен пристапот на судот кон Основното јавно обвинителство за организиран криминал од пристапот кон СЈО. Исто така, не сум оптоварена од тоа дали протекуваат информации од моето обвинителство, затоа што сите информации се во интерес на јавноста и на граѓаните – рече Јанева.

 

МЕТА

Слични содржини