Катица Јанева нема да дојде на денешната седница на Советот на јавни обвинители каде ќе се разгледува првиот шестмесечен извештај за нејзиното работење.

Причините, велат од Специјалното обвинителство, се две: ниту имаат законска обврска за такво нешто, ниту пак, било кој шеф на обвинителството на Репбулика Македонија досега бил повикуван да реферира при поднесување вакви извештаи.сјо

 

Пред денешната седница на која Советот на обвинители ќе го разгледува извештајот, претседтелот Петар Аневски рече дека ја поканиле обвинителката Јанева да присуствува и да им даде објаснувања за тврдењата дека и тие ја опструирале работата на Специјалното обвинителство, но и да ги соочеле со Марко Зврлевски, по прашањето за надлежноста врз предметите Маѓар Телеком, Верушевски, Заев, па потоа да донеле одлука кое обвинителство е надлежно, специјалното или „обичното“.

Од Специјалното јавно обвинителство  потврдија дека Катица Јанева денеска нема да оди на седницата на Советот на обвинители.

Слични содржини