Јанева откри дека кон СЈО биле испраќани суптилни закани

од desk3

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во вечерашното интервју на МТВ откри дека кон нив биле испраќани суптилни закани. Таа, исто така, изјави дека освен прислушуваните разговори, СЈО има доволно материјални докази за предметите што ги обработува.

katica-janeva-11-09

– За двете обвиненија има доволно докази, поради што очекуваме судот да постапи во согласност со изнесените докази и дека по нив ќе одлучува според законот. Јавноста треба да биде убедена дека како поднесените обвиненија, и другите ќе бидат засновани на факти и на докази – рече Јанева.

Таа уште еднаш апелираше Собранието да ги донесе измените на Законот за заштита на сведоци. Јанева најави и дека ќе присуствува на разгледувањето на вториот извештај на СЈО, пред Советот на јавни обвинители и во Собранието.

– Сакам да го презентирам извештајот и пред Советот на обвинители и пред Собранието за да ја интензивираме нашата соработка, а пред сè за да апелирам за донесувањето измени за Законот за заштита на сведоци и за пролонгирање на рокот за истрага – рече Јанева.

 

META

Слични содржини