Специјалната обвинителка вечерва  имаше интервју за вестите на МТВ1.  Во однос на предметот “Пуч”, Јанева посочи дека судот постапил противзаконски со тоа што го одложил предметот и дека кај јавноста постоел голем интерес за него.

Таа додаде дека се што кажала на прес-конференција за предметот истото ќе го каже и пред судот.

katica-janevA

За последните 2 обвиненија за нападот на општина Центар против Груевски и Јанакиевски, СЈО  изјави дека за двете обвиненија има доволно докази и дека верува дека судот ке пресуди правилно. Смета и дека во Кривичниот суд има професионалци кои ќе ги судат предметите на СЈО правилно.

 

Јанева додаде и дека ќе продолжат со работа бидејќи, тие преслушале само 12% од прислшуваните материјали и за сите разговори за кои има криминални индиции ќе се отворат нови предмети.

Обвинителката на крајот од интервјуто додаде дека досега немала директни и суптилни закани, но и дека спиела мирно во однос на рабтата која ја извршува.

Слични содржини