Јанева во клинч со пратениците од владејачкото мнозинство

од Vladimir Zorba

Господинот Антонио Милошоски го слушам и на нелегално прибавените разговори и добро го знам неговиот капацитет, рече специјалната обвинителка Катица Јанева, одговарајќи на прашањето на Милошоски за нејзиниот капацитет, информира РСЕ.

2711b152-91e4-4776-bbec-464c1bc8c54c_cx0_cy6_cw0_w987_r1_s_r1

Прашањата од пратениците од владејачкото мнозинство до специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска ја вжештија атмосферата и предизвика бурни реакции на собраниската комисија за политички систем на која се разгледува извештајот на Специјалното јавно обвинителство и Основното јавно обвинителство.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, ја праша обвинителката Јанева колкав е нејзиниот личен капацитет за водење на Специјалното јавно обвинителство, бидејќи многу аналитичари во јавноста шпекулирале за тоа. Дополнително, Милошоски се интересираше и за нејзиното образование и познавање на јазици.

„Дали вие како обвинител во Гевгелија сте воделе и колку на број случаи каде што кривичните дела или санкциите надминуваат пет години затвор? Дали сте воделе случај од тежок организиран криминал? Колку и со кој успех биле завршени пред судовите? Дали сте воделе случај во гевгелиското обвинителство за злосторничко здружување, изборни измама или тешки кривични дела против државата“, праша Милошоски.

На ваквите прашања обвинителката Јанева, која прашањата ги слушаше на слушалки, одговори:

„Благодарам за прашања, поконцентрирано го слушав господинот Милошоски, бидејќи го слушам и во незаконски прибавените разговори и го знам многу убаво неговиот личен капацитет, а за мојот личен капацитет, шеф ми беше обвинителот Марко, па нека каже тој. Ви благодарам“, одговори таа.

На ваквиот одговор, по бурните реакции на пратениците, следуваше и контрареплика на Милошоски, кој натаму покрај прашањата поврзани за работата на Јанева, за која како што тврди, е скапо платена од граѓаните на Македонија, посочи дека таа работи селективно.

„Многу работи, гопоѓо Јанева, говорат во тоа дека дневната политика ја мешате во стручната работа и вие она што го преслушувате како прислушуван материјал го правите селективно, бидејќи еден градоначалник кој што платил одредена цена за ученици го ставате во притвор додека други градоначалници кои платиле повеќе за истиот превоз не ги гоните по ниедна основа. Тоа значи дека вашето селективно постапување го руши принципот на владеење на правото“, рече тој.

На останатите прашања на Милошоски, Јанева кратко одговори дека не сака да даде контрареплика.

Пратеникот Горан Мисовски од говорницата посочи дека на одредена телевизија не и било дозволено да врши пренос од седницата и токму тоа ја покажува желбата на власта да контролира сè во државата. Тој во својот говор посочи дека во извештајот на Прибе е квалитетно исцртана структурата на злосторничкото здружување.

Целиот текст можете да го прочитате тука

 

 

Слични содржини