Јанева: Жал ми е што поради влошената здравствена состојба ја напуштив седницата

од Vladimir Zorba

katica-janeva-sobranie

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, преку соопштение до медиумите им се извини на пратениците што ја напуштила седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците поради нејзината влошена здравствена состојба.

– Навистина ми е жал што поради мојата здравствена состојба морав да ја напуштам седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и се извинувам на сите пратеници што денес не сум во можност повеќе да присуствувам на седницата – вели специјалната јавна обвинителка Јанева.

Од СЈО соопштуваат дека во меѓувреме побарана е лекарска помош и здравствената состојба на обвинителката е под лекарски надзор и контрола.

Седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на која се расправа за годишниот извештај за работата на СЈО беше прекината откако обвинителката Јанева се пожали дека не се чувствува добро.

Претседателот на Комисијата, Влатко Ѓорчев, ја презакажа седницата за утре во 13 часот.

Слични содржини