jankulovskagordana1

Јанкулоска во оставката истакнува дека во изминатиот период работела професионално и посветено раководејќи се од интересите на граѓаните и на државата.

– Почитуван претседателе Груевски,

Најнапред сакам да Ви се заблагодарам за довербата што ми ја дадовте да бидам дел од Вашиот тим и да раководам со Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Во изминативе години, не штедејќи време и енергија, работев професионално и посветено, секогаш раководејќи се од интерсите на граѓаните, и пред се, раководејќи се од интересот на Република Македонија.

Во овие тешки денови, кога Македонија е во длабока политичка криза, ценам дека е време да се повлечам, верувајќи дека моето повлекување од функцијата министер за внатрешни работи, ќе придонесе за нејзиното надминување, стои во оставката од министерката Јанкулоска.

Слични содржини