Јанкулоска: Провокацијата на СДС и албанските партии предизвика револт и гнев кај граѓаните

од Vladimir Zorba

За жал провокацијата од СДС и партиите на Албанците од Македонија со нелегитимниот избор на таканаречениот Претседател предизвика огромен револт и ескалација на гнев кај граѓаните, вели поранешната министерка за внатрешни работи и член на извршниот и централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска на својот „Фејсбук“ профил.

-Таквата атмосфера неколкумина насилници ја искористија да направат хаос и да нападнат и повредат пратеници во Македонското Собрание. Најжестоко го осудувам нивното насилство исто како што го осудувам и политичкото насилство на СДС и партите на Албанците од Македонија кои тврдат дека избрале Претседател на Македонското Собрание на неделовнички и противуставен начин. Најискрено сочувствувам со повредените, им посакувам брзо закрепнување и повикувам на разум кај сите за да излезе Македонија од оваа длабока криза – вели Јанкулоска.

Поранешната министерка за внатрешни вели дека не знае кои се насилниците кои повредија луѓе во Собранието и дека секој е одговорен за своите постапки и институциите мора да реагираат без разлика за кого станува збор./МЕТА

Слични содржини