Екс-министерката Јанколовска и екс-генералниот секретар на Владата Кирил Божиновски не се во државата. Кривичниот суд денеска соопшти дека одлучувањето за барање притвор за нив е одложено.

GOCKI

“Судот записнички е известен дека лицата поради патување, за што се презентирани авионски карти не се во можност веднаш да се јават во судот, но дека ќе се јават тогаш кога ќе определи судот. При што на полномошните им е соопштено и записнички констатирано лицата да се јават во определено време што се смета за уредна покана и постапувањето по предлогот за овие лица е одложен за тогаш”- стои во соопштението на ОС Скопје 1.

Се очекува во текот на наредната седмица овие лица да се појават во Кривичниот суд на сослушување .

Во понеделник ќе се одлучува по жалбите што ги најави СЈО.

Слични содржини