Јапонија и Кина против трговска војна

од Vladimir Zorba

Јапонија и Кина најавија нов почеток на односите по денешните билатерални економски преговори на високо ниво.

– Нашата соработка влегува „во битна фаза на напредокот“, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји по средбата со јапонскиот колега Таро Коно. – Поствувајќи нов почеток, се надевам, дека ќе го стимулираме развојот на двете држави, посочи кинескиот дипломат.

Иако не ја спомнаа експлицитно одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царина за челик и алуминиум при увоз во САД, двајцата министри индиректно предупредија дека се против каква било желба за протекционизам.

– Го делиме мислењето дека започнувањето трговска војна ќе се одрази негативно на светскиот економски просперитет, изјави Коно.

Кинескиот министер се сретна и со јапонскиот премиер Шиндзо Абе, кој изрази желба двете држави заедно да работат по севренокорејското прашање.

– Се надевам дека ќе развиеме стратегиски односи, взаемно изградени во различни области, потенцира Абе.

Двете држави, втората и третата светска економија, имаат сложени односи, обременети од спомените од Втората светска војна и територијалните спорови.

Јапонија, исто така, се стреми да ги подобри работите, стравувајќи да не остане изолирана во преговорите за севернокорејската нуклеарна програма, во кои Пекинг ќе биде важен фактор во моменти кога се засилуваат дипломатските контакти со Пјонгјанг.

Во тие рамки Токио планира да биде домаќин на трилатералната средба со кинескиот премиер Ли Кечијанг и претседателот на Кореја Мун Џае-ин. Се разгледува можноста за билатерална средба и меѓу Абе и кинескиот претседател Си Џинпинг.

Слични содржини