Јапонија ја осуди новата ракетна проба на Северна Кореја

од Vladimir Zorba

Јапонија денеска остро ја осуди најновата ракетна проба на Северна Кореја, оценувајќи дека е неприфатлива и оти претставува кршење на резолуцијата на ОН.

Портпаролот на јапонската Влада Јошиде Суга изјави дека е во контакт со јапонскиот премиер Шинѕо Абе, кој е во посета на Европа, како и дека се прибираат сите информации за најновата ракетна проба на Северна Кореја.

Северна Кореја изведе денеска уште една проба со лансирање балистичка ракета, но според американски и јужнокорејски експерти, тестот бил неуспешен.

Јужнокорејската војска соопшти дека ракетата со среден дострел, од типот КН-17, испукана од регионот Пукчанг, достигнала височина од 71 километар, но се распаднала по само неколку минути во воздух.

Слични содржини