Јапонија ќе ја “ограничи” прекувремената работа на 100 часа месечно

од Vladimir Zorba

Јапонската држава за прв пат планира да ја ограничи прекувремената работа на вработените кои работат до изнемоштеност, бидоејќи властите регистрираа нов скок во случаите на самоубиства поради замореност на работното место.

Назначениот закон како “прекумерен” праг од 100 часа месечно сепак нема да го реши проблемот, информира агенција “Франс прес”. Тие сметаат дека постапката влегла во пракса во повоениот период, кога според проценката на т.н. чиновници морало да се работи до издржливост што предизвикало смрт на стотици Јапонци.

Во јапонскиот јазик има дури посебна збор за смрт поради прекумерна работа – “кароши”. Според податоците од истражувањето на јапонската влада, цитирани од американската телевизија Си-Би-Ес, над 20.000 од самоубиства во 2015 година биле предизвикани од превработеност. Во дел од случаите за прекумерното оптоварување доведува до инфаркт или мозочен удар, а речиси една четвртина од компаниите изјавиле дека вработените работеле над 80 часа прекувремено секоја недела.
Во март, претставувајќи ги заклучоците на специјалната комисија, основана во септември 2016 година за борба со ризиците од смрт поради прекумерна работа, премиерот Шинзо Абе ја поздрави “историската фаза на реформирање на начинот на работа во Јапонија”.

Премногу долготрајната работа е проблем кој ни оддалеку не е ограничена само на здравјето. Тој предизвикува пад на продуктивноста (некои вработени го забавуваат темпото, за да заработат повеќе пари од дополнителни часови), а освен тоа не ги поттикнува мајките да одат на работа кога постои акутен недостаток на работна сила во Јапонија.

Во моментов со закон во земјата работната недела е 40 часа, плус горен праг (во теорија) од 45 дополнителни часа месечно, кој кога има колективен договор воопшто не се почитува, .

Ако реформата биде усвоена, компаниите кои не ги почитуваат законските одредби, можат да бидат санкционирани. Тие сепак сепак ќе можат да им даваат на вработените шанса да работата 100 часа прекувремено.

 

Слични содржини