Јапонија за влакно избегна нова нуклеарна катастрофа

од Vladimir Zorba

Кран се урна врз зграда, каде што се чува нуклеарно гориво.


Кран се срушил во петокот навечер во АЕЦ “Такахама” во Западна Јапонија, оштетувајќи магацинот за нуклеарно гориво, пишува Japan Today.

Во инцидентот нема повредени, иако покривот на зградата бил оштетен, ништо не е паднало во базенот за складирање на горивото одоздола. Причината за инцидентот, според операторот на централата, бил силниот ветер.

Претставник на управата на објектот се извинил за инцидентот и додаде дека ќе се истражуваат начини слични случаи да не се повторуваат.

Слични содржини