Јапонска компанија забрани шмикање во воз

од Vladimir Zorba

Една јапонска железничка компанија побара од жените да не се шминкаат во возовите, тврдејќи дека тоа е „грда навика“. Компанијата изработи и посебен музички видео спот, чија порака е да нема шминкање и дотерување додека се патува со воз.
make-up-japan-xlarge_trans-a_pnk6kcbhnicwc-jzqzo_fh-z_7hcg9tvx8gfjca0e

Видео пораката порачува дека сите жени се убави, но дека стануваат грди кога ќе почнат да се шминкаат во своето седиште во возовите.

Дел од патниците кои секојдневно патуваат со воз до своето работно место, а потоа со него се враќаат дома, го одобруваат потегот на железничката компанија.
https://www.youtube.com/watch?v=jX5vMMpHsXc

Но, не е мал бројот Јапонки, кои инаку не кријат дека го користат патувањето со воз за да се нашминкаат или да ја уредат својата шминка, силно се противат на давање совети за тоа како да се однесуваат.

– Ова е навистина премногу од една железничка компанијам напиша на Твитер една Јапонка, чие гледиште го пренесуваат медиумите во Токио.

Таа вели дека обично „го обновува црвилото на усните“ додека се вози кон работа, но се брани дека „тоа го правела и британската кралица Елизабета“, па не гледа причина зашто тоа не може да го прават и обичните жени.

Според јапонските медиуми, реакцијата на патничките на потегот на железничката компанија се сведувал на тоа дека тие се согасуваат оти има патници на кои можеби им пречи кога жените се шминкаат во вагоните, но дека не е в ред компанијата да ги подучува оти тоа не е добра работа.

Слични содржини