Јапонците произведоа струја со помош на океанот

од desk2

Јапонска копанија за производство на машинска опрема и владина организација соопштија дека успеале да произведат електрична енергија од океанска струја.


Компанијата IHI и Организацијата за развојни нови видови енергија и индустриски технологии NEDO спровеле истражувања на брегот на префектурата Кагошима на југозападот на Јапонија.

Тие соопштија дека морските струи ги вртеле турбините на експериментален генератор на длабочина од 20-50 метри под површината на водата.

Во соопштението се наведува дека со експериментот успеале да добијат до 30 киловати електрична енергија.

Слични содржини