Јенс Столтенберг в среда и четврток во посета на Македонија

од desk4

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, в среда и четврток на 17 и 18 јануари ќе престојува во дводневна посета на Македонија, соопштија од Владата.

За време на посетата  на Столтенберг, како што соопштуваат од Владата, тој  ќе се сретне со државниот врв, со министри, како и со некои од претседателите на политичките партии.

Предвидено е Столтенберг в четврток попладне да има заедничка прес конференција со премиерот Зоран Заев.

Слични содржини