Јеремиќ: Заев беше ѕвезда на Генералното собрание на ОН

од desk3

Македонскиот премиер Зоран Заев беше ѕвезда и предизвика најголем интерес на Генералното собрание на Обединетите нации, изјави поранешниот претседател на Генералното собрание на ОН, Вук Јеремиќ за телевизијата N1, по говорот на Заев.

Меѓу другото Јеремиќ исто така истакна дека, според него, „косовската делегација била поактивна од српската, бидејќи остварила најмалку 25 средби и се претпоставува дека лобирала за независност и членство во УНЕСКО“.

Коментирајќи го пак  повикот кој српскиот претседател Александар Вучиќ му го упатил на американскиот колега Доналд Трамп за да ја посети Србија, Јеремиќ нагласи дека е подготвен за голем облог дека тоа нема да се случи.

Слични содржини