Заменик-помошникот државен секретар надлежен за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент Хојт Ји денеска имаше средба со Зоран Заев во централата на Бихаќка.

108299

“Имав интересна средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев при што разменивме мислења за ситуацијата во Македонија и за заедничката цел за членство во Европската унија и НАТО. Разговаравме и за скандалот со прислушувањето, разменивме мислење за тоа што треба да се направи. Како што знаете, ние веруваме дека многу е важно е двете страни да бидат одговорни, да изнајдат решение за кризата, а владата да ги истражи сите околности и обвинувања за прислушувањето и коруцпијата. Како што му кажав на Заев, за една демократска земја, многу е важно и опозицијата да се врати и да учествува во работата на Парламентот. Го поттикнав Заев да најде начин за да ја врати партијата во работата на парламентот, за да и се помогне на Македонија да ги постигне евроатланските аспирации” – посочи Ји.

Вчера Ји оствари средби со Премиерот Груевски и министерот за надворешни работи, а во амбасадата на САД се сретна и со првиот интегративец Али Ахмети.

Слични содржини