533298BC-AF71-45A6-A438-4EF9F9C5641D_w308_h173
Власта да се посвети подеднакво сериозно на содржината на прислушуваните разговори, колку што ги зема сериозно обвинувањата против лидерот на опозицијата Зоран Заев, порача американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Азија Хојт Ји, по средбата со премиерот Никола Груевски.

“Како што знаете оваа криза има разни аспекти и гледања. Еден од тие аспекти е и информацијата за можна корупција , за влијанието на владата врз медиумите , судството, можните изборни злоупотреби како и другите можни злоупотреби на власта.Разговаравме за важноста за надминување на оваа криза, за одговорноста на владата да ги почитува основните демократски вредности и уставот како и одговорноста на избраната влада да ги спроведува она што го ветила” изјави Ји по средбата со премиерот Груевски.

Тој рече дека важен аспект на кризата е правната постапка што се води за прислушувањето, но исто така важен аспект на кризата за кој разговарале се информациите што беа откриени преку снимките што беа објавени.

“Се сложивме дека кризата треба да се реши по легален пат во однос на прислушкувањето и пуштањето на снимките. Тоа е важен аспект кој ние го почитуваме. Но исто така важен аспект за кој разговаравме е и злоупотребата на власта од страна на владата. Оваа тема бара одговори и соработка. Ја охрабривме владата и нејзините институции да превземат чекори да се утврди дали се вистинити инсинуациите и обвинувањата кон Заев лидерот на опозицијата, рече Ји.

 

 

Слични содржини