Јилдирим: Договорот за бегалците ќе пропадне без визна либерализација

од Vladimir Zorba

Binali-Jildrim-2

Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска предупреди дека Европа ризикува да се соочи со „огромен регионален“ бегалски проблем, ако пропадне спогодбата со Турција за запирање на приливот на мигранти.

– Ако договорот за визна либерализација и спогодбата за враќање на бегалците не се применат, бегалското прашање нема да остане во рамки на турските граници и постои ризик да се претвори во огромен регионален проблем кој ја засегнува цела Европа – рече Јилдирим.

Анкара бара од Брисел да ги укине визите за турските државјани и финансиски да ѝ помогне на Турција во унапредување на условите за околу три милиони сириски бегалци кои се наоѓаат во земјата, предупредувајќи дека во спротивно нема да го спроведе договорот според кој, сите мигранти што илегално ќе минат во Грција треба да бидат вратени во Турција.

ЕУ бара од Турција да ги измени антитерористичките закони за да ѝ одобри визна либерализација. Анкара одбива да го направи тоа во време кога се бори против курдските бунтовници и Исламска држава./Мета

Слични содржини