“Одговорот на неуспешниот обид за државен удар во земјата на 15 јули се уште не е завршен и може да има уште апсења”, предупреди турскиот премиер Бинали Јилдирим во интервју за “Скај њуз”.

Тој посочи дека Турција ќе продолжи да инсистира за екстрадиција на Гулен, кој се смета за организатор на бунтот.

binali-jildirim-premijer-turske-foto-ap-12052016-1463657741-909947

Јилдирим објасни уште дека се зголемуваат повиците за враќање на смртната казна, на што Владата не може да не обрне внимание.

Во меѓувреме земјата направи резиме на обидот за преврат.

Војската, кои имале врска со обидот за државен удар во Турција на 15-ти јули изнесуваат 1,5% од армијата, објавија турски медиуми, а се повикаат на министерот за внатрешни работи Ефкан Ала.

На суд одат 8 113 уапсени.

Во бунтот пак биле вклучени 74 тенкови, 35 авиони, 37 хеликоптери, како и три брода.

Според аналитичарите вкупниот број на приведените, суспендиран и повикани на распит се над 60 000 луѓе.

Отстранети од работа се 2 745 судии и обвинители, 42 767 вработени од Министерството за образование, а 21 029 од нив се наставници. 46 000 државни службеници беа отпуштени.

Акјол изјави дека “кога ќе го завршат судските процеси, ќе биде укината вонредната состојба во Турција”.

Слични содржини