Турската Влада е подготвена да соработува со повеќето опозициски партии во изработката на нацртот на новиот уставот, изјави вчера турскиот премиер Бинали Јилдирим.лијдирми

– Сите главни партии се подготвени да ја почна работата на новиот устав, рече тој пред новинарите во Анкара.

Тој додаде дека тоа е заклучок од состанокот со претседателот Реџеп Таип Ердоган и двајцата опозициски лидери, одржан претходно вчера.

– Целта на сите партии е да се состави нацрт на новиот устав по неуспешниот воен пуч на 15 јули, изјави Јилдирим на прес-конференција по состанокот на Владата, со која претседаваше Ердоган.

Според него ист став имаат Владата, опозициските партии, невладините организации и медиумите.

Слични содржини