Обидот за преземање на Макпетрол од страна на Балкан Петролеум и по една година, се уште не е разрешен, а нафтената компанија поради тоа трпи одредени блокади, ова денеска го изјави првиот човек на Макпетрол, Андреја Јосифовски. Нецелосната понуда која пристигна лани е класичен пример за перење пари – вака најголемиот акционер го оценува обидот за преземање на најголемата нафтена компанија во земјава. Раководството го впери  прстот кон Централниот депозитар за хартии од вредност и во комисијата за хартии од вредност и најави одговорност од директорите и Управните одбори.

„Ги знаеме надворешните играчи меѓутоа да бидеме искрени јас не верувам дека тоа се вистинските играчи. Еден податок, таа компанија Балкан енерџи отвори не резидентна сметка  во Стопанска банка Битола. Кога ќе знаете кои се сопствениците на таа банка се ќе ви биде јасно. Тоа се познати офшорт шеми, прво се појавуваат странци, а на крај јас сум длабоко уверен дека Макпетрол требаше да заврши  во нечии приватни раце“, Андреа Јосифовски – претседател на УО на Макпетрол.

Во однос на информациите дека поранешниот директор на УБК влегува во нафтениот бизнис, Јосифовски смета дека тоа е последица на однесувањето на властите кои кројат закони по сопствена мерка.

„Господинот Мијалков што се вклучи во овој бизнис и е легално  право на секој граѓанин на оваа држава, затоа што ние имаме такви закони каде што регулаторот  во државата нема издадено лиценца за трговија на само тој што не ја побарал“, рече Андреа Јосифовски – претседател на УО на Макпетрол.

Претседателот на УО на Макпетрол тврди дека компанијата се соочувала со различни притисоци и во однос на градењето гасоводен систем. Ги обвини минатите власти дека фирмата Гама е заобиколена за да се избегне контролата врз јавните набавки.

„Без Гама, да не се залажуваат политичарите во оваа држава може да има гасификација. Претходната власт формираше друго ЈП „Македонски енергетски ресурси“, претпријатие со неколку луѓе, а ние во Макпетрол и Гама многу добро знаеме зошто се формираше тоа претпријатие, затоа што во тој таму гасовод се украдоа 50 милиони долари. Проектот на Гама е 25 милиони долари за тој гасовод, меѓутоа Гама не беше ангажирана“, рече Андреа Јосифовски – акционер Макпетрол.

Макпетрол селективно настапувал на тендери минатите години, не само поради селективноста, туку и поради сигурната наплата. Се уште нема разјаснување ниту на случајот со лиценцата за чување државни резерви. Од Макпетрол велат дека од осамостојувањето на земјава, тие ги чуваат државните резерви без за тоа да им биде платено и обврската да ги складираат резервите ја оценуваат како принуда од страна на држава./24Вести

Слични содржини