Јовановски: Дали Груевски ќе даде оставка, ќе покажат анализите

од desk2

Дали Никола Груевски ќе даде оставка, ќе се знае по опсежните анализи што ќе бидат направени по завршување на изборите на 29 октомври, изјави Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Секој паметен човек кој е претседател на политичка партија изјавил така (дека тој е најодговорен за изборните резултати). Дали тој ќе го направи тоа што вие го зборувате или не, ќе покажат опсежните анализи по изборите. За сè што ќе се случува во партијата ќе бидете информирани по анализите“, рече Јовановски на новинарско прашање дали Груевски ќе си замине од чело на партијата.

Јовановски, исто така, рече дека анализите ќе покажат и за 120.000 гласови кои ги изгубила ВМРО-ДПМНЕ.

„Изборите сè уште траат и по тоа ќе следува темелна анализа и ќе се дојде до некое решение. И прашањата за оние 120.000 гласачи, дали ги има или ги нема, не можеме да потврдиме дали излегле или не, дали се избришани или не“, рече тој.

Јовановски не сакаше да ги коментира „реформаторите“.

„Не би сакал да коментирам. ВМРО-ДПМНЕ е голема партија за да се занимава со луѓе кои сакаат да ја киднапираат партијата и даваат произволни изјави. Но, тоа е нивно демократско право“, рече Јовановски.

 

Слични содржини