Јовановски: Кабинетот на Џафери се претвори во штаб на ДУИ

од Vladimir Zorba

Трет ден како нелегално избраниот претседател на Собранието не ги отстранува албанските знамиња од кабинетот. Сведоци сме дека освен знамињата на туѓа држава, кабинетот кој би требало да му припаѓа на легално избран претседател се претвара во штаб на ДУИ, рече денеска на прес-конференција Крсте Јовановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој изрече и осуди за Зоран Заев, обвинувајќи го дека води антидржавна политика.

– ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува последните изјави на криминалецот Зоран Заев, со кои ја оспорува посебноста на македонскиот народ и им дава аргументи на сите што го негираат македонскиот идентитет – рече Јовановски.

Тој обвини дека Заев ја прифатил „тиранската платформа“ и брза да ја реализира и рече дека постапките на претседателот на СДСМ не се гаф, туку разнебитување на Македонија кое Зоран Заев го спроведува „по насока на некој сценарист кој не сака да постои Македонија“./META

Слични содржини