Јовановски: Притворот на Едмонд Темелкое e злосторство со умисла

од desk2

Зоран Заев и неговите слуги во судската власт уште од крајот на септември знаат дека Едмонд Темелко боледува од автоимуна, дегенеративна болест која постојано прогресира, рече на денешната прес-конференција Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев и неговите слуги во судската власт знаат дека здравствената состојба на Едмонд Темелко е сериозно загрозена и уште кон крајот на септември ја имаат добиено медицинската дијагноза за здравствената состојба на Едмонд Темелко. Зоран Заев и неговите слуги во судската власт знаат дека секој ден, животот на Едмонд Темелко е доведен во прашање. Знаат, но не дозволуваат Едмонд Темелко да добие соодветен третман и соодветна медицинска нега“, рече Јовановски.

Притворот на Едмонд Темелко, како што нагласи Јовановски, е злосторство со умисла. Тој додаде дека притворот е политичка тортура и газење на човековите права.

 

„Ова е третманот што го добиваат оние кои не се согласуваат со политиките на режимот на Зоран Заев. Тоа е неговиот единствен грев. Едмонд Темелко веќе два месеци, секојдневно се бори за сопствениот живот во нехумани услови затоа што Заев, СЈО и судовите под нивна контрола решиле да му се одмаздуваат. За овие два месеца, Зоран Заев и криминогената власт, ослободуваа криминалци кои пукаа по улици, а Темелко го малтретираат. Тоа се двојните стандарди на криминогениот режим. Едмонд Темелко мора да биде ослободен. Еден ден Зоран Заев ќе замине од власт, а сите оние што од разни побуди му помагале во бруталното изживување ќе сносат одговорност“, рече на прес-конференцијата Крсте Јовановски.

Слични содржини