Јовиќ: Nаша примарна цел е да играме се подобро

од desk2

Металург денеска одржа прес-конференција, по повод претстојниот натпревар од 6. коло на СЕХА-лигата, против екипата на Горење од Велење.

„Претстојниот натпревар со екипата на Горење е последен пред Неделата на ЕХФ и е тест за нашите поставени цели. Наша примарна цел во оваа фаза од сезоната е да играме се подобро и се поборбено во од натпревар во натпревар. Треба да си помагаме еден на друг и да не го штедиме своето тело, бидејќи само така можеме да ја придобиеме публиката, која знае да процени дали една екипа игра борбено. Во напад треба да играме до конретна шанса за удар, а со тоа се почитуваме самите себе, го почитуваме клубот и ја почитуваме публиката. Резултатот ни е во втор план“, рече Александар Јовиќ.

„Екипата на Горење Велење нам ни е познат противник од минатата сезона, имавме една победа дома и еден пораз на гости. Составот на екипата е речиси ист, иако имаат и нови имиња. Убеден сум дека тренерот Бабиќ добро ќе ги подготви играчите. Се надевам дека и на овој дуел ќе одиграме добро во одбрана и супериорно во нападот, како против Мотор Запорожје и против Чеховски Медведи. Би сакал да упатам апел до публиката, да дојде да не поддржи во поголем број и верувам дека ние ќе и се оддолжиме со одлична игра“, рече Мартин Томовски.

Слични содржини