Американската група Ју Ту објави дека го укинува концертот предвиден за сабота (вечерва) во Париз. Во коминике групата на Боно сподели дека го донела ова решение поради прогласената вонредна состојба по нападите синоќа во Париз.4506354

Во соопштението на интернет сајтот, музичарите изразуваат сочувство за жртвите: “Ние ги гледавме со неверување и возбуда настаните во Париз и нашите мисли беа со жртвите и нивните семејства”.

Групата пишува и порака на солидарност до своите колеги од “Иглс оф дет метал”, кои свиреле во моментот на нападот во салата “Батаклан”.

Саботниот концерт на Ју Ту требаше да биде емитуван директно на американскиот ТВ канал Ејч-Би-О. Сега групата ќе предложи друга “посоодветен” датум за настап.

Слични содржини