Јунајтед може да се раздели со Де Хеa, се насочува кон голманот на Барса

од Vladimir Zorba

Манчестер Јунајтед најде алтернатива на Давид Де Хеа во случај голманот да биде продаден на Реал Мадрид во текот на летото.

Според шпанскиот весник „Дон Балон“, на Жозе Мурињо му се допаднал Марк Андре Тер Штеген од редовите на Барселона за евентуално ново засилување под рамката.

Ако стане збор за негово привлекување, тогаш Јунајтед ќе мора да добие сума од околу 100 милиони евра.

Тер Стеген е играч на Барса од 2014 година, а неговиот договор со тимот е за уште четири сезони.

Оваа сезона голманот на германската репрезентација одигра 38 натпревари за тимот и дозволи 23 гола.

Мурињо сака да го задржи Де Хаа на секаков можен начин, но интересот на Реал за него може да го убеди самиот голман да го притисне менаџментот да го продаде.

Слични содржини