Јункер: Ако се одвои Каталонија, ќе бараат и други

од desk2

Многу сум загрижен поради сепаратистичките тенденции во Европа, изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. Тој исткна дека не сака Каталонија да стане независна, бидејќи тоа би охрабрило и други региони да го сторат истото, поради што управувањето со ЕУ би станало премногу комплицирано.

„Ако дозволиме Каталонија да се одвои, истото ќе го направат и други. Не го сакаме тоа“ рече Јункер во говор на Луксембуршкиот универзитет.

Јункер нагласил дека е многу загрижен поради сепаратистичките тенденции во Европа и упати охрабрување на шпанскиот претседател Маријано Рахој, да осигура ставање под контрола на ситуацијата.

Во врска со каталонските повици до ЕУ да биде посредник, Јункер рекол дека Европската комисија неможе да посредува ако само една страна го бара тоа од неа.

Слични содржини