Јункер го повика Лондон: Ако сакате втора фаза, мора да платите!

од desk4

Велика Британија мора да ги плати долговите кон ЕУ пред да започне разговори за идниот однос со Унијата по Брегзит. Ова беше нагласено од претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, информира Ројтерс.

“Британците откриваат, како и ние, нови проблеми ден по ден. Поради оваа причина овој процес ќе потрае подолго од првичните претпоставки”, рече тој во говорот пред студентите во неговата родна земја Луксембург.

Во овој момент, не можеме да го постигнеме вистински компромис за финансиските заложби на Обединетото Кралство.

Бидејќи не можеме да го постигнеме тоа, ние нема да сме во позиција да му кажеме на Европскиот совет во октомври дека можеме да пристапиме кон втората фаза од преговорите, појасни Јункер.

„Тие мора да платат, треба да платат, но не на невозможен начин. Јас не се одмаздувам. Не ги мразам Британците„, уверува шефот на ЕК. Вчера ЕУ објави дека преговарачките партии се во ќор-сокак околу прашањето за решавање на финансиските сметки на Лондон.

Слични содржини