Источноевропските земји се предупредени дека ќе им биде запрено европското финансирање со кохезионите фондови, ако одбијат да учествуваат во квотата за распределба на бегалците, соопшти “Дејли телеграф”.

Image_5536446_126

Весникот се повикува на протоколите од седницата на комисијата на 4 мај.

Спорната шема е на претседателот на Еврокомисијата Жан-Клод Јункер. Солидарноста која богатите држави ја покажале кон поранешните комунистички земји, не е “еднонасочна улица”, предупредил Јункер. Тој предложи постојан систем за автоматска распределба на бегалци во ЕУ. Држави кои одбиваат да учествуваат, ќе бидат казнети со до 250 илјади евра по бегалец.

Чешка, Унгарија, Словачка и Полска жестоко се спротивставија на планот. Дипломати окарактеризираа како “лудост” одлуката на шефот на ЕК повторно да се враќа кон отровните односи во Унијата и нејзиниот план.

Слични содржини