Жан-Клод Јункер призна дека Шенген е во “кома” и предупреди дека еврото ќе пропадне без него, изјавил претседателот на Еврокомисијата во Европарламентот, објави “Телеграф”. Говорејќи на сесија за одбележување на терористичките напади во Париз, претседателот на Европската комисија одговори на партиите како ЈУКИП, кои тврдат дека Шенген гарантирал “слободно движење на џихадот”.

junker

Кои ќе се економските контрамерки на Русија против Турција

“Ве молиме, не ги мешајте работите. Ние не треба да скористиме со еден апсурден начин од овие трагични настани”, рече Јункер. “Ние треба да го задржиме духот зад Шенген. Да, Шенген системот е делумно во кома. Но оние кои веруваат во Европа, нејзините вредности, нејзините принципи и нејзините слободи, треба да се обидат да инспирираат нов живот на духот зад Шенген. Ако духот ги напушти нашите срца, ќе изгубиме повеќе од Шенген “, изјави уште претседателот на Европската комисија. Јункер истакна дека има витална врска помеѓу слободното движење и постоењето на единствена валута во ЕУ:” Единствената валута не постои, ако Шенген пропадне. Тоа не е неутрален концепт. Тоа не е банално. Ова е еден од столбовите на изградбата на Европа “.

Слични содржини