Почетна / Актуелно / Јункер: За излезот на Велика Британија од ЕУ ќе бидат потребни повеќе од две години

Јункер: За излезот на Велика Британија од ЕУ ќе бидат потребни повеќе од две години

 

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер верува дека ќе бидат потребни повеќе од две години за да се постигнат сите договори околу излезот на Велика Британија од ЕУ, јави Танјуг.

-Мислам дека нема да успееме во рок од 24 месеци да ги постигнеме сите договори за Велика Британија да ја напушти ЕУ и да воспостави целосен однос со европскиот континент, изјави Јункер на маргините на меѓународната конференција за безбедност во Минхен, пренесоа британските меидуми.

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека во март ќе го активира член 50 од Лисабонскиот договор  за да ги почне преговорите за Брегзит, што може да потраат до две години.

Јункер додаде дека во Велика Британија мора да бидат сменети најмалку 20.000 закони пред  да може да ја напушти ЕУ, како и тоа дека Велика Британија нема право да ги доврши спогодбите за билатералната трговија додека е се уште во Унијата.