Јутарњи: Хашкиот суд во пресудата за Младиќ ги амнестираше Милошевиќ и Белград?

од desk2

Хашкиот суд во пресудата за Ратко Младиќ ги амнестираше Слободан Милошевиќ и Белград од одговорноста за војната во Босна и Херцеговина, тивко, не трубејќи го тоа на големи ѕвона, пишува Јутарњи лист.

Во пресудата стои дека судиите не нашле докази дека Слободан Милошевиќ или некој од неговите белградски колеги биле соучесници во здружениот злосторнички потфат.

Милошевиќ имал некакви врски со Караџиќ и Младиќ, но според Хаг, недоволно силни за да се смета дека е член на здружениот злосторнички потфат во чиј склоп се направени злосторствата во Босна и Херцеговина, пишува загрепскиот весник.

Иако Младиќ е обвинет дека злосторствата ги извршил заедно со Милошевиќ и неговите соработници во Белград, судиите во средата, читајќи го резимето од пресудата, го исфрлија лидерот на Србија и Југославија Слободан Милошевиќ.

Во пресудата се вели дека судиите не нашле докази дека Слободан Милошевиќ или некој од неговите колеги од Белград биле соучесници во здружениот злосторнички потфат, од 1991 година до крајот на 1995 година, со цел протерување на Хрватите и Бошњаците, тогашните „Муслимани“, од големи делови на БиХ во кои Србите сакале своја етнички хомогена држава, пишува Јутарњи лист.

Слични содржини